Николовски: Сопрени парите од ИПАРД 3 програмата
Неизвесна судбината за илјадници земјоделски семејства и агробизнисмени зависни од ИПАРД 3 програмата. Плаќањата преку овој европски фонд се суспендирани, обвинија од СДСМ
Поранешниот министер Љупчо Николовски, тврди дека нема повеќе исплати кон земјоделците кои имаат договори и реализираат инвестиции од оваа програма. Прекин ќе има во потпишување на нови договори, објавување на нови јавни повици. Причината за блокадата според него е големиот скандал во платежната агенција, додаваат од партијата.
Официјален став од владата за обвинувањата на СДСМ нема.
Првиот човек на Министерството за земјоделие Цветан Трипуновски пак, вели дека од Брисел нема никави најава за блокада на ИПАРД средствата. Напротив нашата борба против корупцијата наиде на поддрша од Европа, а наскоро ќе се назначи и нов директор во Платежната агенција, дополни министерот.
Трипуновски ги негираше и обвинувањата на опозицијата дека и тој е вмешан во скандалот со платежната агенција поради тоа што неговата соработничка и вработена во министерството е една од осмничените.
„Тоа се безусловни обинување за да се спомне моето име.Посоченото осомничено лице не било дел од мојот кабинет, а нејзиниот договор за вработување во Управата за водостопанство веќе е раскинат, посочи министерот.
Кривичниот суд го прифати предлогот на обвинителството и одреди мерка притвор за директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Илија Стоилев и за уште три лица, како и куќен притвор за петтосомничената.
Петте осомничени лица, беа лишени од слобода во акција спроведена од МВР и обвинителството. Постои основано сомнение дека првосомничениот сторил кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање награда, а едно лице се сомничи за кривично дело Примање поткуп.публика Северна Македонија.

