Николовски по обвинувањата од Јакимовски: Немам што да додадам од тоа што веќе неколку пати сум го кажал на темава

Министерот Николовски не коментира на обвинувањата на градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски дека тој не дозволува нови градби со цел цените на станбените простори да се одржат високи.

- Немам што да додадам од тоа што веќе неколку пати сум го кажал на темава. - Александар Николовски министер за транспорт.

Вчера градоначалникот Јакимовски обвини дека министерот Николовски не одобрува изградба на нови згради ниту пак одобрува нови урбанистички планови во општините Карпош и Центар со цел градбите, зад кои Јакимовски тврди дека стоел токму министерот Николовски, на вештачки начин да оддржуваат високи продажни цени.

Јакимовски тврди дека во последните месеци, цената за метар квадратен во Карпош се покачила  за 700 евра.