Николовски: Ова е време на храбри одлуки, треба да направиме се што е во наша можност, со заштитен македонски јазик
Одговорноста на оваа влада е да ја внесе земјата во ЕУ, но и да го зачува македонскиот јазик и идентитет - државниот врв и денеска обединет во ставовите, но и изјавите за медиумите по интервјуто на премиерот Заев кое предизвика реакции во домашната, но и бугарската јавност.
Заменик претседателот на владата но и генерален секретар на партијата Љупчо Николовски во изјава за медиумите вели дека земја која веќе е членка на НАТО има свој идентитет и јазк може само да чекори кон надминување на сите предизвици , а црвените линии никогаш не биле доведени во прашање. Сепак николовски не одговори на новинарско прашање дали во скоро се планира свикување на ЦО на СДСМ.
Министерката за одбрана Шеќеринска пак и денеска посочи дека не е време за тензии и барање интерпелации туку време за клучни одлуки и решенија кои земјава ќе ја придвижат кон ЕУ. Очекува на состанокот на НАТО на почетокот на годината да оствари средба и со нејзиниот бугарски колега Каракачанов.
Универзитетскиот професор но и аналитичар Беса Арифи пак оценува дека не е време за подгревање на тензии туку со ладни глави оценува дека и од македонска и од бугарска страна треба да биде насочена кон решавање на проблемите, а не додавање на нови.
Сепак реакциите по интервјуто на Заев ниту денеска не стивнуваат ниту во соседна Бугарија. Членот на мешовитата комисија за надминување на историските прашања професорот Кирил Топалов во изјава за бугарски медиуми смета дека терминот Бугари кој го користат во Македонија имал навредувачка нота.
Од средината на 50 тите тие го прифатија српскиот термин - Бугари кое звучи понижувачки и грубо.
Во однос пак на работењето на мешовитата комисија за историски прашања на која член е токму и Топалов од партијата ДОМ денеска побараа во работата на комисијата да се вклучат и експерти од страна - односно од земјите членки на ЕУ со цел полесно да се најде решение за спорните историски прашања кое што би било општо прифатено и за двете страни.