Николовски: Официјална Софија го „опипува пулсот“ на македонската влада

Шефицата на бугарската дипломатија не случајно го употреби терминот северномакедонски, таа многу добро ги знае одредбите од преспанскиот договор – официјална Софија го опипува пулсот на македонската влада , вели Димитар Николовски директор на Евротинк за ТВ 24.

Порачува дека Македонија не треба да очекува отстапки од новата влада на Румен Радев, а идните средби на релација Скопје-Софија, доколку се случат, смета дека ќе бидат само со повторување на позициите и без заеднички јазик за решение.