Николовски: Никој не може да биде амнестиран ако сторил криминал без разлика на партиска припадност
Foto

Николовски: Никој не може да биде амнестиран ако сторил криминал без разлика на партиска припадност

На вечерашниот централен одбор на СДСМ - била донесена декларација со која се дава поддршка на највисокото раководство на СДСМ, но и останатите институции да продолжат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата и за јакнење на правната држава, посочи генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски по завршувањето на седницата.

Прашан дали високи функционери на СДСМ  се вмешани во „Рекет“ и дали истите присуствувале на вечерашниот централен одбор Николовски посочи дека присутни биле голем број членови на Централниот одбор.

0 Коментари

Остави коментари