Николовски: Има начин да се одблокираат 130те милиони евра кои се блокирани од Ипард програмите
Опозицијата со план за деблокада на ИПАРД програмата во неколку чекори. Поранешниот министер за земјоделие Николовски бара од државата до Европската комисија да достави акциски план со утврдување на фактичката состојба, обемот и слабостите во целиот процес со последниот скандал.
Планот предвидва и воспоставување на засилени механизми за контрола и поголема транспарентност во спроведувањето на европските програми
Николовски тврди дека по скандалот со платежната агенција над 130 милиони евра се во мирување, а стотици апликанит се во ќорсокак. Во меѓувреме апликациите и барањата за плаќања од ИПАРД 3 програмата и натака се обработуваат и покрај одлуката за стопирање на исплата на средствата од европскиот фонд.
Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра. Но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција.
Министерство за финансии
- До овој момент има исплатено 274 договори во износ од 8.266.375 евра европски средства од ИПАРД 3 програмата. Во меѓувреме се обработуваат и апликации за мерка 1 со 27 барања, вкупна со финансиска подршка 7.415.334 евра, за мерка 3 со 24 барања, вкупна финансиска подршка 7.427.824 евра и за мерка 7 со 22 барања, вкупна финансиска подршка 4.945.954 евра
За ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени се само 8.
Од Министерството за финансии, информираа дека мора да се осигура регуларност во процесот и во најкус можен рок да се одблокира процесот -0 без да предизвика штета на корисниците.
И невладиниот сектор бара детални проверки во коруптивниот дел оти се работи за големи сума на пари од кои практично егзстираат голем број земјоделски стопанства. Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.

