Николовски: Евтина тарифа на струјата и субвенционирање на сметките до 90 отсто
Над 1.000 денари заштеда на месечната сметка за струја за домаќинствата, ќе донесе дневната евтина тарифа што втор ден е на сила. - велат од СДСМ.
- Враќањето на евтината тарифа е во вистинско време, затоа што трошоците на граѓаните се зголемуваат во период на зима. Мерката е воведена за сите, но најмногу за оние кои внимаваат и штедат посебно за нашите пензионери кои најмногу ќе ја користат! Секој ден од 13 до 15 часот граѓаните имаат зголемена можност за евтина струја и цел ден недела. Практично тоа е повеќе од 50% евтина цена за струја во текот на цела седмица, изјави Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.