Николовска за ТВ 24: На задната страна на законот фалат само имињата на луѓето од власта што треба да бидат амнестирани
Адвокатоте Ружица Николовска во емисијата 24 анализа рече дека овој предлог закон не преставува ништо друго освен политичко пазарање за потребите на власта.
- Пострашно е кој го брани овој предлог закон. Се брани од страна на луѓе кои никогаш не влегле во судница и не знаат како изгледа судска постапка. Она што го видов како текст, сметам дека ниту ќе допринесе за ресоцијализација на осудениците, ниту за намалување на бројот на затворениците во затворите. Ова е политичко пазарање, во кој период се случува овој предлог. Ако сака влдата да ги подобри условите во затворите, ќе ги подобри условите, а не да ги дава парите по странски адвокатски канцеларии. - вели Николовска.