Маргарита Цаца Николовска поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во емисијата 24 анализа рече дека денешното појавување на Мијалков пред обвинителството има добар исход.
„Добро е што немаме уште еден избеган и обвинет кој го довел во прашање правосудниот систем во насока на негативно оценување. Има уште многу работи кои ќе бидат предмет на оценување и прашање е што се ќе излезе од овој случај.“ - рече Цаца Николовска.
Таа рече дека ќе се утврдат многу сегменти за ваквиот случај. Што е точно кога има две спортивставени страни и треба со сигурност да се утврди, вели Николовска. Одредени структури треба да одговараат и да се произнесат и кој е виновен за ова.
0 Коментари