Николов за тв 24: Треба да се подготвиме, зошто постои потенцијален ризик од делта сојот
Д-р Игор Николов од Клиниката за нфрологија во емисијата 24 Отворено вели дека ова е слично сценарио на она што ни се случи минатата година кога истотака беше се под контрола и викавме дека нема потреба од мерки. Првиот бран помина и повторно ни се случува истиот период. Комисијата заседава и не носи никакви одлуки, а сите сме сведоци дека дискотеките се преполни со луѓе.
„Би предложил Комисијата да се професионализира и во неа да се вклучат експерти од сите универзитети и медицински факултети во земјава и од институциите кои работат на оваа проблематика. Најважно е да се забрза процесот на вакцинација. Не смееме да дозволиме дека се е под контрола и дека пандемијата не треба да предизвика паника. Сега треба да се подготвиме, зошто постои потенцијален ризик. Ризикот за повторен број на починати лица е голем“ - вели доктор Николов.

