Николов во 24 анализа: Сам обезбедувам сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта, тоа ме кошта од 45 до 55 евра за 14 дена
Оперативниот директор на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија и пациент со Т1 дијабетес, Мартин Николов во 24 анализа рече дека сам обезбедува сензор за мерење на нивото на шеќер во крвта и тоа го кошта околу 110 ева месечно. Според него покрај сензорите важно е да се има и квалитетни глукомери.
„Јас сам си купувам сензор тоа е од 45 до 55 евра за 14 дена или 110 евра месечно. Сензорите ги набавуваме од странство. Со сензорите имаме преглед целосен. Предноста кај мене е што имам инсулинска пумпа, пумпата работи континуиирано и кај мене боцкањето е еднаш на 3 - 4 дена. Потребно е да се најде начин да се донесе најсовремена терапија но и сензори за сите пациенти со Т1 и Т2 со компликации“, изјави Николов.
Тој рече и дека потребни се квалитетни глукомери и ленти со цел пациентите да имаат поквалитетен начин на живот.
„Ние се бориме и за квалитетна терапија и сензори бидејќи претходните глукометри ги добивме во зипер кесички без декларација и реално не знаеме од каде дошле. Важен е и квалитетот на лентите бидејќи кај нас некои ленти се поскапи за разлика од цените во регионот, мора да се стави некаква контрола“, рече Николов.