Николов: По пандемијата срцевите удари зголемени за трипати

По Ковид пандемијата зголемен е бројот на срцеви удари, покажуваат анализите на македонските кардиолози, но и на европските и светски здруженија.

Срцевите удари се зголемија за трипати повеќе од пред пандемијата, вели началникот на одделението за кардиологија во Клиничка болница-Штип, Сашко Николов.