Николов: Не падна од небо победата против Германија
Foto

Николов: Не падна од небо победата против Германија

„Тука во Лече сум прифатен одлично, се надеваме дека ќе влеземе во Серија А. Проблем е што ни го суспендираа првенството, има 15 заразени играчи во Пескара, правиме пауза до 1 мај, па до 10 мај ќе играме 4 натпревари. Селекторот верува во мене, два-трипати имам играно на таа позиција, против Словенија играв така. Ден пред натпреварот ми рече да играм како што знам. Габри и Госенс требаше да ги запрам, ммислам дека позитивно одговорив. Ние сме една фамилија, не е битно кој кога игра, покажавме милион пати дека важна е само победата. Не падна од небо победата против Германија. Германија да не загуби 20 години и да падне од мала Македонија, овој резултат не може да се избрише“ - вели Бобан Николов, фудбалски репрезентативец на Македонија во Студио 10 на ТВ24.

0 Коментари

Остави коментари