Николоски: ВМРО-ДПМНЕ нема точка на топење кога станува збор за уставните измени
Нашиот предлог е прво да се случат парламентарни избори и да се прифати планот во три точки за национален, политички и економски развој на земјава по што веднаш ќе почнат и преговорите со европската унија, вели во интервју за денешното издание на емисијата Аргумент плус, потпретседателот на партијата Александар Николоски. Постизборно за ВМРО-ДПМНЕ посакуван коалиционен партнер се партиите од актуелната опозиција на албанските партии.