Николоски: Работиме да ја нормализираме цената на комерцијални станови на пазарот, се градат и социјални станови во три општини
Ќе се срушат ли моменталните пренадувани цени на становите во земјава? Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николоски уверува дека со одлуката за намалување на цената на комерцијални станови во Битола што ги гради државата, всушност започнуваат со намерата да ги нормализираат цените на становите во земјава. По Битола, следни се Охрид и Скопје, каде ќе бидат понудени пониски цени од оние што моментално се нудат на пазарот на недвижности, а со цел стабилизација и намалување на брзорастечката цена на метар квадратен.
Александар Николоски, министер за транспорт и врски и вицепремиер
Денес во Кочани пак беа доделени 35 социјални станови на ранливи категории на граѓани.
Инвестицијата за социјалната зграда во Кочани изнесува 72 милиони денари, а во моментов се работи на изградба на вакви станови и во Прилеп, Македонска Каменица и Бутел во Скопје.