Николоски: Неставањето на дневен ред на оставката на Филипче, е со цел да се заштити неспособноста и криминалот

И денес пратеничката група на вмро-дпмне бара од претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја стави на дневен ред одлуката за оставка министерот за здравство, Венко Филипче. Обвинуваат дека целта  е да се заштити неспособноста и криминалот кој што чини човечки животи.

- И денес пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од Претседателот на Собранието Талат Џафери, да ја стави на дневен ред Одлуката за оставка министерот за здравство, Венко Филипче.

До овој момент, Зоран Заев одбива да ја испрати до Собранието оставката на Венко Филипче од министер за здравство што самото кажува дека во рамки на внатрешните договори помеѓу себе идејата е оваа оставка никогаш да не се реализира.

Согласно договорот, Собранието работи само до следниот петок, затоа што потоа почнува кампањата за локалните избори и целта е да се превесла целиот овој период од некаде 10-тина дена и оставката на Венко Филипче да не се достави до Собранието на Република Македонија, а во исто време да не се стави точка за разрешување на Венко Филипче како што бара ВМРО-ДПМНЕ.