Николоски: Лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната

Со традиционално закројување на виновата лоза во Тиквешието денеска беше одбележан големиот христијански празник Св. Трифун – заштитникот на лозарите и винарите. Празникот, кој симболично го означува почетокот на новата лозарска година, се слави со молитва за здрав род, бериќет и успешна берба.

Политичарите и до власта и од  опозицијата беа во Тиквешијата на нива да се видат со лозарите. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од Неготино порача дека лозарите со исплатени субвенции ја започнуваат сезоната.