Николоски: Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата ќе се знае на 2 март, претседател на Републичкиот изборен штаб ќе биде Мицкоски
Седницата на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМННЕ вечерва започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од монструозното двојно убиство кое се случи во Скопје и ја потресе целокупната домашна и регионална јавност.
Оваа седница на Извршниот комитет доаѓа по лидерската средба на која што беа утврдени датумите за споени претседателски и парламентарни избори, 24 април и 8 мај. ИК донесе одлука за формирање на Републички изборен штаб кој ќе го предводи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а негова заменик ќе биде генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.
Николовски рече дека воедно е отпочната и подготовката за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, чиј избор традиционално ќе биде направен на Изборната конвенција која што ќе се случи на 2 март 2023 во Скопје.