Никола Димитров: Немам доверба во Бујар Османи во преговорите со Бугарија

Договорот од Преспа со Грција е историски успех на кој сум посебно горд бидејќи тој ни ги отвори вратите на НАТО. Сликата за нас во светот е светлина на надеж на Балканот, кажа денеска вицепремиерот за европски прашања во замунување, Никола Димитров. 

Тој истакна и дека неговите ставови околу преговорите со Бугарија, кои како што вели, во многу наврати биле спротивни на неговите владини колеги, биле причина зошто тој не се најде во новиот владин состав. 

Дополнително, Димитров обвинува дека партијата на власт, му понудила да замине како амбасадор на Северна Македонија во Вашингтон, само, како што вели, за да го замолчат. 

Призна дека нема доверба во актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.