Никој повеќе не верува дека автопатот од Кичево до Охрид некогаш ќе биде завршен
"Ќе се изгради ама којзнае кога" ова е ставот на охриѓани после вчерашните најави дека од Скопје до Охрид во блиска иднина ќе се стигнува за час и половина. "Изгорени" од сагата со автопатот Охрид - Кичево граѓаните сега немаат големи очекувања.
Повеќето сметаат дека автопатот Гостивар- Кичево ќе се изгради но не во дадениот рок.
За доцнењето на проектот Кичево-Охрид како главни причини досега се наведуваа лошата и непотполна документација, геотехничките ископувања,нерализираната експропријација на земјиштето и неефикасно спроведените административни постапки.
Првиот рок до кој требаше да биде завршен овој автопат беше 2018 та година.Неколку месеци претходно се зборуваше дека повеќе од 45 проценти од работите се завршени.
Но набргу после тоа дојде нова Влада и рокот најпрвин се продолжи до јуни 2021 година па до крајот на 2023.Откако и овој рок се проби и повторно се промени Власта сега ветувањата се дека трасата ќе биде готова до крајот на 2026 година.Голем дел од експертите во повеќе наврати кажаа дека уште од старт се избрзало со проектот.