Никој нема право да ги дискриминира децата и најранливите - реакција на протестот против мал групен дом во Визбегово
Срамни и неприфатливи изјави – вака Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на протестите во Визбегово.
„Апелираме до жителите на визбегово да покажат емпатија, разбирање и прифаќање за децата кои се селат во нивната околина, во дом кој не е институција и кој наликува на семејна средина, а што е суштински предуслов за нивна социјализација и напредок. Со оглед на фактот што станува збор за мал групен дом, каде што би се сместиле најмногу три деца со константен надзор од воспитувачи, сметаме дека реакциите на граѓаните се неосновани и предимензионирани, а изјавите од типот „ињектирање на страно тело’’ се целосно неприфатливи и срамни. Никој нема право да ги дискриминира децата и најранливите“ - велат од Комиитетот.
Хелсиншкиот комитет за човекови права ги поздравува напорите на министерството за труд и социјална политика за реализација на заложбата да се деинституционализираат сите деца кои се сместени во нехумани услови и изолирана средина.