НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАКО ПОРАНЕШНИ ПАЦИЕНТИ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЗАБОЛЕЛЕ СО ХЕПАТИТ Ц
Foto

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАКО ПОРАНЕШНИ ПАЦИЕНТИ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ЗАБОЛЕЛЕ СО ХЕПАТИТ Ц

Ниту контролата од Државниот здравствен и санитарен инспекторат не го најде виновникот,  како и од што со Хепатит Ц се заразиле шест поранешни пациенти на штипска ортопедија. Велат дека по пријавата преземени се сите мерки, но не е утврдена причината.

- Преземени се сите потребни против епидемиски мерки: проверка на исправност на стерилизатори, асептични постапки при третманот на пациентите, санитарно-хигиенска состојба на објектот, предоперативен скрининг на пациентите итн. При надзорот не се утврди потреба за иницирање на дополнителен стручен надзор.“ - велат од ДСЗИ.

Пријавите за шесте заболени пациенти се стигнати во периодот од 9-ти Јули до 15-ти Август. Тоа според Центарот за јавно здравје се и единствените пациенти со ова вирусно заболување, пријавени годинава. Никој нема одговор колку од пациентите и претходно биле носители на вирусот, бидејќи станува збор за повозрасни граѓани од различни градови но на сите заедничко им што во одреден период биле пациенти на ортопедија. Иако раководството на болницата тврди дека нема сигурен доказ дека тука ја добиле заразата, сепак ќе ги менуваат протоколите за предоперативни анализи.

Инаку според податоците објавени на веб странициата на Институтот за јавно здравје лани на ниво на цела држава се регистрирани 35 случаи на новозаболени со хепатит Ц.

 

0 Коментари

Остави коментари