Никица Кусиникова: Кај нас граѓаните сочувствуваат со сограѓаните и сакаат да помогнат
Foto

Никица Кусиникова: Кај нас граѓаните сочувствуваат со сограѓаните и сакаат да помогнат

„Ние го креиравме донаторскиот кружок „Да донираш е љубов“, граѓаните си го направија своето. Добивме позитивна повратна информација, луѓето се почувствувале како дел од заедницата, убаво заокружување на годината. Важно беше со кружокот да се поддржат сите оние на кои им се потребна помош, посебно оние од ранливите групи. Ние, „Конект“ ја промовираме филантропијата кај граѓаните и во компаниите. Како умно да се донира, за да се направат долгорочни промени, мора да се креираат решенија на долг рок. Компанијата треба да препознае какво е нејзиното влијание врз општеството. За нас важно е компанијата да препознае каде може да влијае и како да ги минимизира негативните ефекти, а да ги зголеми позитивните. Се зафативме со оваа работа затоа што веруваме дека може да се креира просперитетно општество, дека не треба за се да се чека државата да ни го решава. Гледаме успех, граѓаните кога почнавме беа скептични, но сега се гледа кај нас граѓаните сочувствуваат со своите сограѓани и сакаат да помогнат“ - вели Никица Кусиникова - извршна директорка на „Конект“ во Студио 10 на ТВ24.

 

0 Коментари

Остави коментари