Никако да се намали бројот на децата питачи во Македонија - последнава година тенденција на пораст
Алармантна е состојбата со децата питачи во Макеедонија, констатира народниот правобранител. Податоците кои ги има инстистуцијата говорат дека децата повеќе питачат отколку што се во училишните клупи.
Времето главно го поминуваат на улица барајки пари од случајните минувачи или храна за да преживеат. Жалосно е и тоа што децата растат со помислата дека тоа е единствениот начин како треба да го живеат животот, без да бидат упатени од нивните родители и семејства дека можат да живеат подобро. Со цел што побрзо да им се помогне на овие деца и со тоа да се намали нивниот број на раскрсниците и улиците, народниот правобранител решението го гледа во тоа локалната самоуправа да ги мапира децата затекнати на улица и да пријави во институциите за да преземат мерки.
„Да се превземат мерки првенствено за подобрување на социоекономската и материјалната состојба на семејството, условите каде што живеат, за да може да се превенира поради немаштијата, поради сиромаштијата. Децата или родителите заедно со нив да излезат и да питачат.“ - вели Васка Бајрамовска од народен правобранител.
Состојбата на семејствата, условите каде што живеат овие деца и сиромаштијата, е една од причините поради кои малолетниците егзитенцијата ја наоѓаат на улица. Поради тоа апелот е да се превенира оваа негативна појава и надлежните институции со вклучување на граѓанските организации сериозно да се нафатат за изнаоѓање на најквалитетно ефикасно решение.
„Она што е негативно оваа слика ние ја гледаме секојдневно сите, ние сме сведоци на деца на улица, семафорите, низ главните улици. Но во попладневните часови овие деца од улица се преместуваат пред верските објекти се преместуваат пред куќите на локалните населенија.“ - вели Бајрамовска.
Сместувањето или згрижувањето на децата во дневните центри е само едно од можните решенија, но не е целосно. Во Македонија има само три центри за згрижување на овие деца, со максимален капацитет за по 24 деца, настрана пак од фактот што за жал возрасните нив ги искористуваат за да питачат во нивна корист. Питачите се насекаде во светот речиси да нема континет и земја каде што нив ги нема, само е тешко да се одреди прецзина бројка поради различноста на контекстите во кои што едно дете станува питач.