Никако да почне реконтрукција на Универзалната сала

Реконструкцијата на Универзалната Сала е соочена со многубројни проблеми, поради несоодветното планирање и прокетирање. Градоначалничката Данела Арсовска денеска соопшти дека можеби ова е причината зошто денеска на денешната седница оваа иницијатива се најде на дневен ред.

Советниците на Советотот на Град Скопје не ја изгласа иницијативата на СДСМ за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Универзална сала од Град Скопје на Владата, заради негова доизградба.

Пред еден месец, министерката за култура Бисера Стојчевска-Костадиновска испрати писмо до координаторите на советничките групи-со кое се бара времено да се отстапи објектот до завршување на реконструкцијата. Со 15гласа „за“ и 6гласа „против“ советниците одлучија дека на Универзална сала нема да и се случи промена на инвеститор-од Град Скопје на Владата.

Универзалната сала е симбол за солидарност. Таа официјално била отворена на 10. јануари 1966 година, како Центар за организирање на културни настани, со театарската претстава „Виктор или деца на власт“, во изведба на белградското „Атеље 212“, а потоа е одржан голем Симфониски концерт на Македонската филхармонија со пијанистот Александар Унински.

Во Универзалната сала одржани се повеќе од 5.000 манифестации, а ги проследиле повеќе од 5.800.000 посетители.