Никако да ја слушнеме радосна вест на Мицкоски
Македонија ќе ги намалува царините за американските стоки, со надеж дека претседателот Трамп ќе ја преиспитаат одлуката за 33-процентната тарифа. Се подготвуваат измени на законот за царински стапки, а според министерката за финансии Димитриеска Кочоска, царините може да се спуштат и до нула, бидејќи извозот кон САД е минимален.
Таа вели дека стапката од 65% што стои во американските табели е неточна, а проблем е и отсуството на договор за слободна трговија со САД. Ги отфрла шпекулациите за економска криза во земјава итни отпуштања како последица од новите царини, повикувајќи на смиреност.
Таа признава дека една домашна компанија со странски капитал е директно погодена, но, како што додава, и таму нема ризик од брзи откази. И додека Владата стои на ставот дека мерката е резултат на грешка, економистите остануваат внимателни.
Тие предупредуваат дека царинската стапка можеби е резултат на индиректниот извоз - производи од Македонија што преку фабрики од ЕУ завршуваат во САД и така ја зголемуваат царинската изложеност. Сметаат дека Владата треба директно да разговара со фабриките во технолошко-индустриските зони и да ги слушне нивните проблеми.
Во меѓувреме и американски бизнисмени почнаа јавно да реагираат на одлуката за новите царини. Илон Маск, еден од највлијателните луѓе во индустријата и советник во администрацијата на Трамп, побара укинување на тарифите и воспоставување нула давачки меѓу САД и Европа. Сепак, неговиот апел не наишол на одобрување кај америјанскиот претседател, кој намесот тоа, ја уцени Унијата да купи американски енергенси во вредност од 350 милијарди долари за да добие одложување на царините.