Независните кандидати се посилни пред локалните избори
Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош - За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови формално регистрираа заедничка платформа со која, како што се наведува во денешното соопштение, ќе се борат против желбата на партиите да ги истиснат независните граѓански иницијативи од изборниот процес.
„Ние останатите остануваме верни на вредностите на солидарност, заедништво, инклузивност и доверба. Ги информираме граѓаните дека платформата што ќе ја основаме формално мора да биде регистрирана како партија, а за тоа ќе ни биде потребна вашата поддршка. Законот дозволува потпис само за една опција, па затоа транспарентно информираме дека потпис за нашата заедничка граѓанска платформа и потпис за која било друга нова партија, вклучително и на ЗХГ, не може да се даде истовремено. Ќе мора да се направи изборот за тоа каде ја гледате вистинската граѓанска алтернатива во моментов. Сите граѓани без разлика на градот на живеење, ќе можат да ја дадат својата поддршка за нашата регистрација.“ - се наведува во соопштението од Шанса за Центар.
Повеќе граѓански организации – вклучително и Зелен хуман град, како што информираат, разговарале за формирање заедничка партиска платформа за здружен граѓански настап, но Зелен хуман град одлучил самостојно да се регистрира како партија и да настапи одделно.
На последниот брифинг со новинарите собранискиот спикер Гаши посочи дека се уште нема политички договор за изборниот модел иако уставниот суд веќе донесе одлука дека треба да се донесе нов изборен законик , откако во март ги укина членовите со кои на независните кандидати им беше зголемен бројот за собирање на потписи .

