Независните кандидати ќе можат да учествуваат на локалните избори – без собирање потписи
На претстојните локални избори ќе може да учествуваат и независни кандидати за градоначалници и листи за советници, што произлегува од изјавата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко, дадена по усвојувањето на роковите за изборите. Тој се повика на членот 60 од Изборниот законик, појаснувајќи дека ДИК нема право никому да му го ускрати законското право да учествува на избори.

