Незаштитетни граѓани: Млечните производи станаа луксуз

Литар јогурт достигна цена од цели 90 денари, ова го регистраше екипата на ТВ 24 при деншаната обиколка во повеќе маркети.

Цените на млечните прпизводи во незапирлив раст. Млекото веќе се продава по скоро 80 денари за литар. Веќе поскапеа и сирењето и кашкавалот, па така одредени производители продаваат килограм кашкавал за цена повисока од 1000 денари. Граѓаните велат дека секој нов ден носи нов ценовен шок а месечните примања се бетонирани.

Дека живеачката станува се поскпа покажуваат и податоците. лани лебот што чинеше 25 денари сега се продава за 50 денари, а цената на млекото од 47 денари се зголеми на 80 денари. Последните податоци од Завод за статистика, покажува дека инфлацијата од август изнесува 14,2 % со пораст на трошоците за живот 16,8 % август годинава во споредба со август минатата година. 

ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА

                 ИНДЕКС НА ЦЕНИ НА МАЛО-АВГУСТ 22/21

Земјоделски производи 13,5%

Ииндустриски производи 18,1%

Прехрамбени производи 12,1 %

Следната недела Владата најави дека е можно да ја прошири листата на производи за кои ќе ги ограничи маржите и ќе биде објавен нов пакет на мерки. Според досегашните оценки на економистите, новите мерки треба да бидат насочени кон компаниите но и кон граѓаните од најранливите категории. Владата се правда дека растечката инфлација е увезена , но според дел од аналитичарите во вакви услови на растечки цени мора инспекциските служби да вршат посојан надзор и контрола заради можни ценовни злоупотреби во трговијата.

Според економситите за да се забави растот на цените пред се' на основните прехрамбени цени неминовно ќе биде  замрзнување на дел од цените за оснонвните прехрамбени производи или активирање на стоковите резерви.