Невреме во Подгорица, делови од градот без струја

 Невреме со пороен дожд, град и силен ветер утрово ја погоди црногорската престолнина Подгорица, а делови од градот останаа без струја.

Дирекцијата за вонредни состојби ги повика граѓаните да ги прилагодат активностите кон најавената метеоролошка состојба денеска, утре и во вторник, бидејќи се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и силно, и повремени налети на силен јужен ветер, пренесува Вијести.