Невреме во Кавадарци

Поплави во подруми и подрумски простории, излеана канализација од неколку шахти, паднато дрво и однесен дел од тампонот на повеќе улици е билансот од синоќешното невреме во Кавадарци.

До општината стигнале 50 пријави, а 30тина од нив се однесувале за поголеми штети. 

Во текот на утрешниот ден Јанчев најавува состанок на кој ке се проценуваат штетите кои ги пријавувуваат граѓаните чии куќи и подрумски простории се поплавени, тој истакна дека општината финасиски ќе им помогне.

Во средувањето на градот учествувале и кавадаречките пожарникари кои со пумпи испумпувале вода од поплавените објекти.

Заеднички се координирале комуналните работници, пожарникарите и вработените во службата „Мој општинар”.  Сите пријави за штети се регистрирани во кол центарот на Општината и комуналното претпријатие, се евидентираат и се постапува по нив.