Невреме со пороен дожд и град во велешко и гостиварско

Силен дожд со град попладнево околу 14 часот го зафати Велес, при што Велешките главни и споредни улици во ниските делови од градот беа поплавени со вода. Движењето на сообраќајот по главните улици беше отежнато, а посебно на пешаците кои не можеа да ги преминат улиците од едната на другата страна.

Од  Центарот за справување со кризи информираа дека засега нема пријавено штети од невремето.

Невремето со пороен дожд и град го зафати и Гостивар, кое предизвика краткотрајни проблеми во сообраќајот на одредени локации и поплавување на семејни домови. Најмногу пријави за штети стигнаа од јужниот дел на општината, од населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште. До поплавувањата дошло од надојдената вода во еден канал за наводнување.

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.