Невреме се приближува кон Македонија
Foto

Невреме се приближува кон Македонија

Врнежи, појава на град, грмежи и силен ветар, големо невреме најавуваат синоптичарите која од денеска попладне земјава ќе биде под влијание на серија влажни бранови. Се очекуваат врнежи од 50 литри на метар квадратен, а во крајните западни и југоисточни делови врнежите ќе бидат пообилни. Од Управата за Хидрометролошки завод велат дека невремето ќе донесе за неколку степени постудено време, а температурите ќе се движат од од 14 до 22 степени.

Најавата за невремето ги мобилизира и инситуциите кои прземаат соодветни мерки и активности, Дирекцијата за заштита и спасување одржа вонреден работен состанок, оттаму посочија дека будно ја следат состојбата со зголемена мобилност.

Апелираме на внимателно движење покрај водотеците и суводолниците, во крајниот запад, југо-запад и северо-запад, каде постои можност од локални излевања и можна појава на свлечишта и одрони, особено на патниот правец Маврово-Дебар-Струга.Покрај овие региони, за особена внимателност од можна појава на локални излевања ги посочуваме сливовите околу планината Кожув и Гевгелиско-Валандовскиот крај“ Силите за заштита и спасување од поплави се во оперативна состојба за нивно можно ангажирање, а во функција се и сите материјално-технички средства и опрема со кои располага ДЗС.“ - велат од Дирекцијата за заштита и спасување.

И во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штатб на кои биле координирани активностите и поделени обврските помеѓу јавните претпријатија, тие упатија и апел до граѓините да бидат крајно внимателни и да се однесуваат совесно. 

„Апелираме на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.“ - велат од град Скопје.

По интензивните врнежи, кои следуваат во наредните работни денови, синоптичарите најавуваат стабилаизција на времето и сончеви денови од сабота кога се очекува и покачување на температурите.

0 Коментари

Остави коментари