Невреме кај Кичево - град со големина на орев го попречува сообраќајот
Foto

Невреме кај Кичево - град со големина на орев го попречува сообраќајот

Кичево е погодено со силно невреме. Паѓа град со големина на орев, а врне и пороен дожд. Бројните возила кои од Охрид преку Кичево се враќаат кон Скопје по продолжениот викенд се оневозможени да го продолжат патот.

Силно невреме попладнево ја зафати и Струмица.

Според синоптичарите, невреме проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер вечерва се очекува на повеќе локации.

Видео: „Макфакс“

 

0 Коментари

Остави коментари