Невладините организации со силни критики кон функционерите и судиите
Foto

Невладините организации со силни критики кон функционерите и судиите

Сите надлежни институции треба да бидат поагилни, а антикорупционерите мораат сами да отвораат предмети против корупција им порачаа денеска навладините организации на надлежните на конференцијата „Антикорупциски предизвици во 2021 година“.

И годинава меѓу најголемите проблеми останува корупцијата во јавните набавки.

Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации вели дека јавна тајна е дека фирмите меѓусебно се договоараат за тендерите а корупција во јавните набавки најчесто пријавуваат само оштетените фирми но не и фирми или граѓани кои не се директно поврзани со некој тендер.

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска смета дека нестручноста на човечкиот кадар е најголемиот проблем кај јавните набавки. 

Втората најголема болна точка која останува предизвик и во оваа година се судски разрешници на случаите за корупција како и интегритетот на судиите и обвинителите. Натали Петровска од Коалицијата „Сите за правично судење“ вели дека за да може да се очекува било каква борба против корупцијата тогаш најпрво ќе мора да се размислува за промена на човечкиот кадар во во правосудството.

Заради сето ова, Ивановска најави дека во годишниот план на антикорупциска е проверката на имотната состојба на 15 судии, 15 градоначалници и 15 членови на владата.

0 Коментари

Остави коментари