Невладините организации со прецизни барања до Владата
Граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава, каналот преку кој граѓанините ги изразуваат своите идеи, визии, заклучок од денешната дебата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“, во организација на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот сектор очекува во следниот период поголем процент на реализација и поволна правна рамка за развој на граѓанското општество.
Во моментов се спроведува четвртата Стратегија на Владата за соработка и развој на граѓанското општество 2022-2024, која треба да обезбеди поттикнувачка и одржлива околина за непречено функционирање и независно делување на граѓанските организации.
„Ги поттикнуваме сите граѓански организации да достават иницијативи со предлози за политики кои се однесуваат на конкретни законски одредби и се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата.“, веи Игор Јанушев-генерален секретар на Влада на РСМ.
„Некои од нормативните мерки и активности кои беа предвидени, беше споменат Законот за здруженија и фондации, новиот Закон за донации и спонзорства во јавните дејности, Законот за социјални претпријатија, Законот за волонтерство. Во сите овие четири формативни решенија беа формирани работни група, беше спроведен консултатитен процес со граѓанските организации. Беше направен текст дури кај дел од нив како што беа волонтерството, социјални претпријатија беа доставени во владина постапка ама не се заокружи целиот процес, не се заврши правната рамка. Донесувањето на овие закони, останува за следниот период.“, вели Сузана Никодијевиќ-Филиповска-Раководител на Сектор за анализа на политиките и координација, Генерален секретаријат на Влада на РСМ.
Денешната дебата, според граѓанските организации, би поттикнала идни решенија за спроведување на Стратегиите, функционирањето на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, државното финансирање за граѓанските организации и други релевантни прашања.