Неуспешни преговори
Foto

Неуспешни преговори

По средбата со двајцата високи функционери на демократската партија, претседателката на претставничкиот дом, Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер, американскиот претседател порача дека обидот за преговори бил залуден и дека тоа било целосно губење на времето.

„Прашав што ќе се случи за 30 дена ако брзо ги одблокирам работите, ќе го усвоите ли законот за погранична безбедност кој подразбира ѕид или челична ограда. Ненси одговори „Не“. Реков „тогаш догледање, ништо друго не доаѓа предвид.“ - напиша Трамп на Твитер.

Претставникот на демократите,Чак Шумер пак вели дека Американскиот претседател почнал да се однесува несоодветно откако било одбиено неговото барање.

„Повторно видовме манифестација на гнев...Бидејќи не успеа во неговата замисла, почна на мава по масата и веднаш потоа го напушти состанокот. “ - изјави Чак Шумер - лидер на демократите во Сенатот.

Со ваквата одлука, 19 -ти ден по ред продолжува делумната блокада на американската влада која ја предизвика барањето на Трамп да бидат издвоени 5,7 милијарди долари за изградба на спорниот ѕид. Првата посериозна криза би можела да се случи веќе во петок кога околу 800 илјади лица, вработени во федералните служби ќе останат без плата. Доколку во следните неколку дена не биде надминат спорот, би можел да биде урнат и рекордот на најдолг прекин во работата на сојузната Влада во историјата на САД кој изнесуваше 21 ден.

0 Коментари

Остави коментари