Нетанјаху: Иран направи голема грешка
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави, по иранскиот ракетен напад врз Израел, дека Иран направил „голема грешка“ синоќа и дека „ќе плати за тоа“.
На отворањето на состанокот на безбедносниот кабинет во Ерусалим, Нетанјаху посочи дека синќешниот напад врз Израел не успеал, објавува „Тајмс оф Израел“.
„Нападот беше спречен благодарение на израелскиот систем за воздушна одбрана, кој е најнапреден во светот“, рече израелскиот премиер, заблагодарувајќи им се на САД за поддршката.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека Израел ќе избере како и кога ќе одговори на иранскиот напад.