Нетанјаху инсистира на уништување на Хамас по истекот на примирјето

Израел ќе ја продолжи својата воена кампања во Газа за уништување на Хамас по истекот на сегашниот договор за прекин на огнот, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за германската телевизија Велт, јави ДПА.

Премиерот не кажа колку долго би можело да биде продолжено сегашното примирје.

-Се договоривме жените и децата, како и странските заложници, прво да бидат ослободени, рече Нетанјаху во интервјуто. Штом тоа ќе се случи, ќе продолжиме со нападите, додаде тој.

Нетанјаху нагласи дека „Израел ќе продолжи да прави се што е можно за да го поштеди цивилното население во Појасот Газа што е можно повеќе“.

Сепак, според Хамас, речиси 15 илјади луѓе веќе се убиени, а околу 36 илјади се повредени во одмаздничките израелски бомбардирања.