Несреќен случај во Радовишко, дедо ја прегазил внуката со трактор
Foto

Несреќен случај во Радовишко, дедо ја прегазил внуката со трактор

Шеснаесетгодишна малолетничка од радовишкото село Габревци вчера била прегазена од тракторска полуприколка откако паднала од тракторот, соопшти полицијата.

Според Хризантема Рендевска, портпаролка на СВР-Струмица, тракторот го управувал нејзиниот дедо Ѓ.А. (60) од истото село.

-Малолетничката паднала и била прегазена од полуприколката, по што веднаш починала, соопшти Рендевска.

На местото на несреќата увид извршил јавен обвинител и екипа на Полициската станица од Радовиш.

0 Коментари

Остави коментари