Несогласувања меѓу членовите на Анкетната комисија за Онкологија за заклучоците
Членовите на Анкетната комисија за Онкологија не може да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност.
Претседателката на Анкетната комисија, Рашела Мизрахи, вели дека заради прекршување на уставни начела, непостапување согласно надлежностите кои се пропишани во законите од областа на здравствениот систем, политичка одговорност за скандалот е утврдено кај поранешниот министер за здравство Венко Филипче, тогашните медицински и економски директор на Онкологија Нино Васев и Нехат Нухи, тогашната директорка Ирина Сотирова Букова, тогашните директори на ФЗО Стево Кртсевски и Фатон Ахмети.
По претставувањето на овие заклучоци од Мизрахи, реагираа пратениците членови на СДСМ, кои истакнаа дека не се согласуваат бидејќи се заклучоци само од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Најавија дека ќе бараат да даде оставка претседателката на Анкетната комисија Рашела Мизрахи.