Нервоза во Бугарија за македонскиот попис
Нервозни пораки од Бугарија за македонскиот попис. Се огласи и бугарскиот европратеник Џамбаски. Тој во интервју за бугарски Радио Фокус, го впери прстот кон македонските власти и ги обвини дека правеле сѐ, за што е можно помалку луѓе да се декларираат како Бугари на македонскиот попис.
Телоп Ангел Џамбаски европратеник - Целта на таквото однесување е да се направат Бугарите на новиот попис да бидат толку мала етничка група како Србите и Бошњаците.
Вчера телевизија 24 објави писмо на бугарската фондација Македонија до претседателот Радев, во кое бараат поддршка и притисок - сите со бугарски пасоши во Македонија да се декларираат како етнички Бугари. Се побројни се и заканите за одземање на бугарското државјанство и апели за масовно пребројување на „македонските Бугари“ на социјалните мрежи.
Поранешниот конзул на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев во телефонски разговор за телевизија 24, вчера тврдеше дека во Македоија досега се попишале само 75 Бугари и побара да им се одземат пасошите на сите оние кои на македонскиот попис не се изјаснуваат така. Оваа изјава на Анчев ја поби директорот на државниот завод за статистика Симовски, велејки дека дека не заслужува коментар.
Инаку Бугарија уште на почетокот на 2021ва прати јасна порака дека сака да ги „преброи Бугарите во Македонија“. Поранешниот бугарски министер и амбасадор на Бугарија во НАТО, Бојко Ноев тогаш изјави дека Бугарија треба да побара од Македонија на пописот да има графа „Бугари“.
Според бугарски дипломатски извори, многу е веројатно резултатот од македонскиот попис да биде оспоруван од Бугарија и да има дополнителни реакции од тамошните власти.