Нермина Кочан: Скопје засрами се, само три лица дојдовме на најавениот протест за правда за Вања
Нермина Кочан, една од ретките кои излезе на овој протест, денеска порача дека Македонија треба да се засрами.
„Моментално е 10 часот и 10 минути, не знам во колку часот на која телевизија ќе го има ова. На протестот кој што беше како јавен повик даден за воведување на смртна казна, за одразување на почит кон семејството, мајката на малата Вања затоа што очигледно немала семејство имала најверојатно само еден родител, моментално сме тројца луѓе, Македонијо засрами се, Скопје засрами се. Не е во ред да нема никој сега кога треба на некого да му се даде поддршка“, вели Нермина Кочан.