Нерешено заврши натпреварот Македонија - Португалија на Европско ракометно првенство
По поразот од Данска, натпреварот на Македонија против Португалија на Европското ракометно првенство заврши нерешено. Кузмановски со 15 голови беше најефикасен на натпреварот.
Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29.
Првото полувреме заврши со резултат 13:15 за Португалија.
На Македонската репрезентација ѝ претстои натпреварот со Романија кој ќе се одигра на 20-ти јануари. Тоа ќе биде последниот натпревар за Македонија од групната фаза.
Македонија уште има шанси за пласман во следната фаза.
За потсетување, Македонија ја има победно Португалија и во 2013 година во квалификациските рунди за Европско ракометно првенство. Во 2023-та, пак, изгуби од Португалија, повторно во квалификациските рунди.

