Непроценливи штети од пожарите
Од година во година белите дробови на Македонија зачестено се во пламен, некои пожари со помал интензитетот но некои траат и со денови со што директно се вложува состојбата со кислородот.
Оваа слика доволно зборува за страшните последици со кои допрва ќе се соочиме. Професорката Македонка Стојановска од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ вели дека економските штети од ова што ни се случува во Македонија и што ни се случуваше низ годините наназад, практично се огромни затоа што не е само опожарената дрвната маса која што е изгорена и уништена за време на овие пожари. Многу елементи се дел од калкулациите од економските штети од пожарите во републиката.
Проценките се дека штетата која што му е нанесена на еко-системот, загадувањето на воздухот и последиците врз земјоделските култури се ненадоместливи.
„Се загадува воздухот, се зголемува концентрацијата на јаглеродиоксид, климатските промени, се загадуваат подземните води, исто така елемент при калкулација на штети од вакви катастрофални пожари се и последиците после тоа кои предизвикуваат ерозија, порој, поплави и свлечишта кои што се, нели Македонија е некаде околу 40 проценти од површината на Република Македонија е под вакви ерозивни подрачја, сега тие ќе се зголемат уште повеќе. Тоа значи дека економските штети од пожарите во републикава се непроценливи затоа што доколку продолжат вакви катастрофални пожари може дури да дојде и до промена на климатските фактори како што се соочуваме и ова лето со високи температури кои што не се баш поволни за граѓаните.“ - вели универзитетската професорка Македонка Стојановска од Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“
Штетите се уште се сумираат, со оглед на тоа дека опасноста од нови пожари се уште демне.
„Знаеме дека лисната маса на дрвјата и на шумските дрвја практично е филтерот за воздухот или бели дробови како што кажавте на планетата земја а таа гори за време на пожарот, значи периодот за обнова на шумата може да биде 30, 50, 70 години зависи од дрвниот вид, од составот на дрвните видови на самата шума. Што значи дека последиците се далекусежни.“ - вели Стојановска.
И додека трае битката со пламените јазици, државата повторно ги покажа своите предности и слабости во справување со ваквите непогоди, но затоа на помош како и претходно, така и сега, пристигнаа пријателите од регионот и европа. Во меѓувреме, речиси секоја година истата приказна дека се работи интензивно на воспоставување систем - додека се воспостоавува систем Македонија ги губи своите бели дробови.