Неправилности кај 11 правни лица за вршење на превоз на патници и стоки, меѓу нив и „Дурмо Турс“
Утврдени се неправилности кај 11 правни и 10 физички лица во 138-те контроли за вршење на превоз на патници и стоки што во изминатите три дена ги направиле инспектори за патен сообраќај. За сите се изречени соодветни казни.
Инспекторатот ги соопшти 11-те правни лица за кои е констатирана неправилност и за кои се изречени казни – „Дурмо Турс“ од Гостивар; „Дени Интернационал“ од Илинден; „Свис Мак Алигега“ од Гостивар; „Зем Промет – Компани“ од Сарај; „Словин Билјана“ од Охрид; „Бис“ од Охрид; „Пештер“ ДОО од Чаир, „Димитриоски“ од Гази Баба; „Хисари-ГД“ од Дебар; „Инком Бизнис“ од Куманово и „Палас експорт-импорт“ од Гостивар.
Биле констатирани и неправилности кај 10 физички лица кои вршат дејности за превоз на патници и стока.