Неправедно зголемување на пензиите

Универзитетската професорка Јадранка Мршиќ и поранешна директорка на КБ Прво пензионерско друштво, за ТВ 24 вели дека станува збор за редовно усогласување на пензиите со кое се врши одржување на куповната моќ на пензиите, а незадоволствата во однос на актуелните покачувања вели се дожат на зголемувањето на трошоците за живот, како и бомбастичните најави за „рекорден“ пораст на пензиите.

Претседателката на Сојузот на здружение на пензионери, Станка Трајкова, за ТВ 24 вели дека доколку ја земеме предвид 2022 година пензионерите добиле повисоки пензии за 9,7 отсто, но вели  илузорно е сите пензионери да очекуваат идентични покачувања.

Од Министерството за труд и социјална политика ЗА ТВ 24 пак во однос на покачувањето на пензиите од 6,8 отсто велат оти ова е согласно новата методологија, која предвидува усогласување на старосната пензија според движењето на индексот на трошоци за живот во висина од 50 отсто и порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во висина од 50 отсто.

- Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоци на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатена плата на сите вработени во државата во однос на полугодието кое му претходи. Усогласувањетео  ќе ги следи промените во двата индекси. На овој начин се обезбедува постојан раст на пензиите. - велат од МТСП.

Податоците од Фондот за пензиско осигурување откриваат дека најниската пензија во државата изнесува 10.276 денари, а овој износ го земаат 2.960 пензионери. Согласно новите покачувања, тие ќе добијат зголемување на пензиите од 699 денари. Највисоки исплатени пензии пак во државата се 60.294 денари, а нив ги земаат само 47 пензионери. За нив, новото зголемување на пензиите ќе значи дополнителни 4.099 денари.

Ќе ја преживее ли Западен Балкан војната во Украина недопрено и покрај неколкуте отворени прашања кои често доаѓаат до раб на отворен конфликт. Аналитичарите предупредуваат на опасноста од ефектот на домино. Македонските власти самоуверени и покрај стравувањата на светските експерти.