Неофицијално: Ралев ќе ја “бие“ битката на СДСМ за град Скопје, во ВМРО-ДПМНЕ бројките на страната на Ѓорѓиевски

Архитектот Мишко Ралев најверојатно ќе ја бие битката на Венко Филипче за град Скопје на локалните избори во октомври, според неофицијалните информации на ТВ 24 е веќе начално договорено на Бихаќка меѓу лидерот на СДСМ и екс членот на извршнот одбор на СДСМ во времето на Димитар Ковачевски.

Како што веќе објави ТВ 24, Ралев веќе подолг период е најпосакувана опција на Бихаќка, а деновиве според информациите ќе има уште една средба на која би требало да се зациментира договорот, но и да се прецизираат сите детали за престојаната трка, но и кампања. ТВ 24 побара став од Ралев, но тој остана воздржан.

Официјално ниту првиот опозиционер не одговор за тоа кој му е најпосакувана опција, но на премиерот кој му прогнозирање победа само во 3 до 4 општини, му порача дека не живее во реалноста. 

Во ВМРО-ДПМНЕ иако офицјално се уште за кандидатурата се борат Орце Ѓорѓиевски и Златко Перински, висок владин функционер за ТВ 24 вели дека анкетите се на старната на Ѓоршиевски, сепак истиот функционер тврди ништо не е финално додека Христијан Мицкоски не прресече. Според истиот функционер, во овој случај Перински во реконструкцијата што вчера ја најави премиерот по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во декември, ќе добие посериозно ресорско министерство. 

Официјално и од партијата на Мицкоски само велат дека во тек се процедурите. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска со порака до опзиицијата дека ќе изгуби убедливо на изборите.

Ѓорѓивски и Перински, минатата недела за ТВ 24 тврдеа дека зад кого и да застане Мицкоски, ќе го поддржат другиот. Дека во главниот град трката нема да биде само помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за тв 24 најавуваат и коалициските партнери на Мицкоски, тројката од ВРЕДИ. Велат иако очекуваат во одредени општини со Мицкоски да се подржат уште во првиот круг, сепак за Градот Скопје ќе имаат свој кандидат. Иако оттаму тврдат дека за имиња се уште не се зборувало. Од Мала Речица прашањето кандидат за град Скопје се уште не е затворено, но висок функционер од ДУИ за ТВ 24 вели дека доколку има кандидат од албанскиот блок, и тие ќе имаат свој фаворит. 

Паралелено со главниот град се прават анкети и за останатите општини. Мицкоски веќе изјави дека најголем дел од актуелните градоначалници ќе ја добијат неговата доверба. Филипче пак неколку недели наназад ги најавува првите кандидати, но се уште не ги објавил. ТВ 24 веќе објави дека  Филипче ќе истрча со актуелните градоначалници во Крива Паланка, Центар,  Крушево, Чучер Сандево, Ресен. Во Струмкица иако анкетите се во корист на Костадин Костадинов, сепак Филипче треба да ги реши внатрепартските струи и да пресече дали ќе бидат бројките клучни ккао што веќе им најавил на своите сопартијци.