Неофицијално: Најрано седница за Уставните измени на 20 август, најдоцна на 3 септември

Пратениците според најавите од власта сепак ќе одат на одмор. Но, кога ќе се вратат, ќе стартува жешката дебата наречена уставни измени.

Влaста според најавите планира Илинденските празници да ги прослави со праќање на уставните измени во Собрание . Според неофицијалните информации на ТВ 24, првата недела на август е најпосакуваниот термин во календарот на Димитар Ковачевски и неговите коалициски партнери, што би значело дека седницата на која би требало да се гласа за отворањена уставот би била на 3 септември, а 10 дена пред тоа комисијата би почнала со работа. Другата опција што според извори нa ТВ 24 од Илинденска е на маса е следната недела односно околу 20, што би значело дека седницата најрано би била 20 август. 

Освен датумот кога обврската за вметнување на Бугарите која што ја превзема Владата за да се отвори првото поглавје, дилеми во мноззинството се уште има и за тоа дали на седницата кога ќе треба да се галса од потребата, доколку нема 80 гласа, уставните зимени ќе завршат во фиоката на Талат Џафери или пак власта ќе инсистира на гласање за да се расчистела ситуацијата како што велат кој е за, а кој против ЕУ. 

Мислењата во самата СДСМ се поделени, а различни ставови има и кај помалите, но и кај поголемите коалициски партнери.

Според дел од функционерите, откако ќе заврши со работа уставната комисија, и евентуално дебата на седницата, собранскиот спикер Талат Џафери ќе ја прекине седницата до обезбедување на потребните гласови. И доколку не се случи тоа, предизборно би ги ставиле уставните повторно да нема обезбедено гласови. Според други функционери во власата не треба да се калкулира и треба уставните веднаш да се стават на гласање.

- Граѓаните треба да знаат кои пратеници ќе треба да ја понесат одговорноста и во случај ако уставните измени поминат и потоа нешто тргне на лошо, но и ако тие не поминат и земјава заглави на патот кон ЕУ“, вели еден пратеник од власта. 

Според експертите, власта не треба да брза со уставот особено по растото на негативната поддршка, тој да се смени.

И додека власта крои стартегија, опозиционерите и натаму под дипломатски притисок за гласање на уставните измени. Утре попладне како што објави ТВ 24 е средбата со тројката министри за надворешни работи на Словачка, Австрија и Чешка, вчера се одржала подготвителна координација со амбасадорската тројка .Според информаците од опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ сепак се премслила и целата пратеничка група ќе се сретне со министрите на дипломатиите на Австрија, Чешка и Словачка.

Според ВМРО-ДПМНЕ се преммислиле за да не и дадат на власта као што велат, алиби да манипулира дека дел од пратенците кои не се среќаваат со дипломатите, ќе гласаат за уставот. 

Официјално, по средбата од партијата на Мицкоски само порачаа дека Мицкоски ги повторил нивните позиции.