Неофицијално, Лога во Турција ќе разговара за екстрадицијата на Палевски
Министерот за правда Кренар Лога ќе разговара за побрза екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо со неговиот турски колега, потврдуваат неофицијално за ТВ 24 извори од министерството за правда.
Според истите извори, посетата на Турција на Лога е планирана во февруари, а тој освен со турскиот министер за правда ќе посети и турски правосудни институции. Планот е друштво да му прави и претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и шефот на Обвинителството за борба со организиран криминал Ислам Абази.
Според информациите на ТВ 24, сепак во фокусот на Лога ќе биде екстрадицијата на Палевски, кој е првоосомничен за убиствовото на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Официјално од министерството за правда велат дека засега немаат нова информација од турските власти.
Нема детали ниту од Јавното обвинителство. Оттаму кратко велат дека:
- Предметот е во фаза на истрага.
Останува отворено прашањето и до каде е иницијативата за дерегистрација на партијата десна, чиј лидер е палевски, но и другите тројца осомничени. Конкретен одговор за ова прашање од надлежните нема.
Два месеци откако надлежните официјално го соопшитија името на првоосимничениот Љупчо Палевски Палчо за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тој се уште е зад решетки во Турција.
Барањето за екстрадиција, министреството за правда до турските власти го испрати пред два месеци. Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември. Предистрагата утврди дека и двајцата биле грабнати, врзани и потоа застрелани. Мотивот, според надлежните е користољубие.
Во моментов во притвор се таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, потоа Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски, како и Стефан Димковски возачот на Љупчо Палевски Палчо, кого Обвинителството го сомничи дека е планер, организатор и реализатор на грабнувањето и убиствата.